Top Sport

Имобиле го „копираше“ Брозовиќ, но не многу успешно (видео)

Хрватскиот фудбалер на Интер, Марцело Брозовиќ на крајот може да се покаже како еден од ретките „иноватори“ на модерниот фудбал.

При мечот на Интер со Барселона во ЛШ на „Ноу Камп“, Брозовиќ реши да „легне“ зад живиот ѕид за да го блокира ударот на Луис Суарез, по што се пофали дека се работи за потег со име „крокодил“.

Сега, тој потег очигледно беше заразен. Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, се обиде да го направи истото при 4:1 победата над СПАЛ во Серија А во неделата. Сепак, резултатот не беше ист.

Брозовиќ го „крсти“ генијалниот потег Крокодил! (видео)

Scroll to Top