Top Sport

Порше се враќа во Ф1, ама само како производител на мотори!?

Гигантот во автомобилската индустрија – Порше размислува за влез во Формула 1, но во улогата на производител на мотори.
Во Ф1 круговите се шпекулира дека од компанијата повторно размислуваат за влез во „најбрзиот циркус“.

„Не е тајна дека размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека разговараме со ФИА и не е тајна дека сме сериозни во тоа. Сепак, одлуката се уште не е донесена“ рече потпретседателот на Порше Моторспорт – Томас Лауденбах.

За Порше е важно што технологијата на новите погонски единици има поголем нагласок од електричните компоненти.

„Ако ја погледнете иднината и она што производителите на автомобили го најавуваат во врска со електричните автомобили, мислам дека е многу важно Формула 1 да направи чекор напред кон електрификацијата. Јасно е дека не можеме да имаме потполно електрични возила, но електричниот дел од погонот мора да има многу поголем приоритет“ смета Лауденбах.

Scroll to Top