Top Sport

Шекил О`Нил му се згази од смеење на „дебелкото“ Вилијамсон

Еден од најталентираните кошаркари во НБА лигата во овие моменти – Зајон Вилијамсон (21 година, 198 сантиметри) ја зголеми телесната тежина во текот на летото, па шпекулациите се дека сега тежи над 140 килограми.

Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс е надвор од терените поради повреда, а при загревањето очигледно беше дека е надвор од форма.

Легендата на американската кошарка Чарлс Баркли ги насмеа сите во студиото на „ТНТ“ кога рече дека Зајон моментно изгледа како тој и Шекил О`Нил да добиле дете.

„Давам отказ“ рече О`Нил и го напушти студиото смеејќи се.

„Се шегувам и сериозен сум во исто време… Не, не – навистина сум загрижен и морам да го критикувам. Мене Мелоун (Карл) ми рече дека сум дебел, поради што почнав да плачам, но тоа ми ја промени кариерата“ рече Баркли со сериозен тон сакајќи да го мотивира младиот кошаркар да ослабне.

Scroll to Top