Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, по тешкиот пад што го доживеа на загревањето во Индонезија, повторно има проблеми со видот. Шпанецот се здоби со потрес на мозокот, поради што во неделата ја пропушти трката на патеката „Мандалика“.
По враќањето во Шпанија, во Мадрид бил на дополнителни прегледи, кои покажале дека не се здобил со никакви повреди по тешкиот пад. Маркез, претпладнево во Барселона, повторно бил на прегледи, кои откриле дека има проблем со видот.
„Поради проблемите со видот тој беше на прегледи. Докторот Санчез Далмау потврдил дека повторно се работи за диплотија“, објави неговиот тим.
Маркез, овој проблем го имаше и во ноември минатата година, кога при пад од моторот го повреди очниот нерв. До почетокот на сезоната тој успеа да се рехабилитира.
Сега се поставува прашањето како ова ќе влијае врз неговата кариера.