Top Sport

Постои ризик Вилијамс и Рејсинг поинт да банкротираат

Принудната пауза во Формула 1 шампионатот може да предизвика финансиски колапс на тимовите на Вилијамс и Рејсинг поинт и газдата на спортот „Либерти медија“ мора да внимава на ситуацијата, предупредува Дејвид Ричардс, претседателот на Моторспорт УК фондацијата.

„Многу ќе зависи од тоа како ќе се однесува Формула 1. Спортот не може да си дозволи да губи тимови бидејќи тоа ќе има катастрофални последици. Берни Екслтоун кога беше на чело на Ф1 секогаш осигуруваше опстанок на малите тимови и се надевам дека во ’Либерти’ имаат доволно сенс да го направат тоа“, вели Ричардс, кој е поранешен шеф на тимот на БАР.

Мерцедес и Рено, тимови поддржани од големите автомобилски компании, пред себе имаат неизвесна иднина, но Ричардс повеќе се грижи за приватните тимови.

„Вилијамс и Рејсинг поинт ќе имаат најмногу проблеми и постои сериозна опасност да банкротираат. Ќе има многу моторспорт компании кои нема да имаат ресурси да го поминат овој период на блокада“, вели Ричардс.

Scroll to Top