Top Sport

Ривалдо: Лаутаро е за во иднина, на Барса им е потребен Нејмар сега!

Легендата на Барселона, Ривалдо уште еднаш ја повтори желбата да го види Нејмар назад на „Ноу Камп“, оценувајќи дека неговиот бразилски сонародник е опција за ова лето, додека ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез е „човек за иднината“.

Се верува дека Барселона има план за летните засилувања на тимот, откако минатата година не успеаја да го вратат Нејмар, но во последно време се смета дека тие ќе го продадат Антоан Гризман (најверојатно на Манчестер јунајтед), за да го финансираат трансферот на Аргентинецот Лаутаро од Интер.

„Подолго време кажувам дека верувам во Нејмар. Заминувањето од Барселона можеби беше грешка, но ако има шанси да го вратат за помалку од 222 милиони, тогаш клубот треба да ја искористи таа можност. На 28 години тој има многу фудбал пред себе и би бил совршен за тимот, бидејќи ја познава околината. Покрај тоа, Меси сака да игра со него. Лаутаро? Тој има 22 години и потребно му е уште развивање и искуство. За Интер е вреден фудбалер и во иднина може да биде и врвен фудбалер, но не е подготвен за Барса“, оценува Ривалдо.

Scroll to Top