Top Sport

Потврдена „трампата“ Раиконен-Леклер

Ферари потврдија дека Кими Раиконен заминува од тимот по вторпат на крајот на сезоната, за на негово место да дојде возачот на Заубер, Шарл Леклер, а самиот Финец да се врати во тимот во кој ја почна кариерата.

38-годишниот Раиконен потпишува двегодишен договор со Заубер, а вторпат заминува од Ферари, откако првпат дојде во 2007 година, кога ја освои титулата, за да си замине во 2009 да направи место за Фернандо Алонсо. Раиконен потоа паузираше од Ф1, пред да се врати со Лотус, и по импресивната форма повторно да дојде во Ферари во 2014 и вкупно да има 144 старта за Скудерија (само Михаел Шумахер има повеќе трки за Ферари – 179).

„Погодете кој се враќа! Следните две години со Заубер напред. Добро е чувството да се вратиш каде што сѐ започна“, напиша Раиконен на Инстаграм.

Шансата која Леклер ја добива е неверојатна, бидејќи тој има само 20 години и ја вози својата дебитантска сезона, а во Ферари обично преферираа поискусни возачи. Тој е дел од академијата на Ферари од 2016 година, кога победи во ГП3 шампионатот, за во 2017 година триумфираше во Формула 2. Оваа година тој е во 15. во во генерален пласман со 13 поени од пет пласмани во топ 10.

Scroll to Top