Првенството во Формула 1 нема да започне со трката за Големата награда на Азербејџан. Според календарот трката низ улиците на Баку требаше да се вози на 7 јуни.
Формула 1 досега ги одложи или откажа трките во Австралија, Бахреин, Вијетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Монте Карло.
Според информациите од Ф1 постои можност трката во Азербејџан и оное трки што претходно беа одложени да се возат подоцна. Сигурно е само дека сезонава нема да се вози во Австралија, Кина и Монте Карло.
Еден од директорите на Формула 1, Чејс Кери, признал дека челниците на „најбрзиот циркус“ не знаат кога ќе почне сезоната.
„Јасно ни е дека луѓето сакаат да знаат кога ќе се вози првата трка, но ние не можеме да им понудиме конкретна информација. Планот ни е да се тркаме во 2020 година. Секојдневно сме во контакт со експертите, се обидуваме да ја стартуваме сезоната. Секако сите треба да бидат безбедни“, рекол Кери.
Во овој момент најреално е сезоната да започне со трката за Големата награда на Канда на 14 јуни.