Top Sport

Пред Бразил, уште една „техничка директива“ контра Ферари!

Пред стартот на Бразилското ГП овој викенд, Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави нова техничка директива со која би требало да се покријат „сивите зони“ во правилата за моторите, акт што многумина го сметаат за директна забрана на „триковите“ на Ферари, откако имаше слична наредба пред Американското ГП.

Во Тексас, ФИА објави директива за покривање на можната „дупка“ во работата на моторот на ниско гориво, која дозволуваше зголемување на моќта на моторот во одредени моменти. Ова беше реакција на барањето на Ред бул и Мерцедес за легалноста на трикот.

По ова, болидите на Ферари имаа пад во формата на квалификациите и на трката, зголемувајќи ги шпекулациите дека тие ја користеле „дупката“ во правилата, а ривалот Макс Ферстапен директно ги обвини за мамење.

Сега, во средата, според „Ауто мотор унд спорт“, ФИА издала нова регулатива (ТД 38/19), со која се ограничува нелегалното користење на заппалива течност во системот за ладење на моторот, посочувајќи дека течноста не може да биде користена за зголемување на моќноста на моторот. Директивата исто така ги враќа старите услови во правилата  со кои се забранува користење на масло за гориво во моторот.

Останува да се види какво влијание ќе има ова правило на формата на Ферари во Сао Пауло.

Scroll to Top