Top Sport

Претседателот на Ферари: Фетел и Леклер да не забораваат каде се вработени

Претседателот на Ферари, Џон Елкан ги потсетил Ф1 возачите Себастијан Фетел и Шарл Леклер за приоритетите кои треба да ги имаат како возачи на Скудерија, велејќи дека тимот доаѓа пред личните амбиции.

Зборувајќи на отворен ден во фабриката во Торино, очигледно вознемирениот Елкан се осврна на инцидентот на Бразилското ГП кога Фетел и Леклер се судрија и ја завршија трката.

„Бев многу лут. Тоа што се случи во неделата не само што ме вознемири, туку ми помогна да разбирам колку е важно Ферари. Неопходно е нашите возачи, колку и да се добри, да не заборават дека се тркаат за Ферари. Најважно е Ферари да победува и тие не го прават тоа. Матија Биното кажа многу јасно“, изјави Елкан посочувајќи на состанокот кој Биното го организираше во седиштето на тимот во Маранело.

И покрај ова разочарување, Елкан вели дека е задоволен од сезоната 2019.

„Се работеше за една исклучителна сезона за Ферари во однос на пол-позициите, кои за жал не беа претворени во победи“, додава Елкан.

Scroll to Top