Top Sport

Маријано се потсмеваше со Бејл на тренинг со „голферски удар“ (видео)

Љубовта на Герет Бејл кон голфот повторно стана тема во Шпанија, откако велшкиот напаѓач по квалификувањето на Велс на ЕП во 2020, се појави со знаме на кое пишуваше: „Велс, голф, Мадрид, во тој редослед“.

Некои во Мадрид ова го сфатија премногу сериозно, обвинувајќи го Бејл дека покажал непочитување кон клубот, но дел од фудбалерите на тимот очигледно сметаат дека се работи за тема за шеги.

При денешниот тренинг на Реал, и играње на популарната „рондо“ игра (во средина), Бејл не успеа да ја исконтролира топката, и Маријано реши да се потсмева со него покажувајќи му како да ја удри топката како голферско топче.

Scroll to Top