Top Sport

Претседателот на ФИА се повлекува од секојдневната вклученост во Ф1

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем потврди дека се повлекува од надгледувањето на Формула 1, комплетирајќи го реструктуирањето на спортот.

Бен Сулајем беше избран со програма во која најавуваше реконструкција на контролите на трки во Ф1 и операциите на ФИА во спортот. Сега, таа работа ќе ја врши Николас Томбзис, досегашниот шеф за трки со болиди во ФИА, и поранешниот инженер на Ферари ќе биде човекот кој постојано ќе контактира со тимовите. Ова е последен чекор на промените во ФИА, кои минатата година ја именуваа Натали Робин како прв генерален директор на организацијата.

Бен Сулајем и Ф1 тимовите беа вклучени во повеќе конфликти минатата година, вклучувајќи ја забраната на накит за време на трките, и одлуката да се воведат шест спринтерски трки наместо дотогашните три. Тензиите продолија и во декември и јануари, откако ФИА објави дека политичките изјави на возачите нема да се толерираат без дозвола на ФИА.

Покрај тоа, по шпекулациите дека саудиски инвеститори сакаат да ја купат Ф1 за 20 милијарди фунти, самиот Бен Сулајем изјави дек се работи за „преголема сума“, а тој исто така се противеше на влез на предложениот нов тим на Марио Андрети и Кадилак.

Scroll to Top