Top Sport

Проблеми во Ферари – Леклер во конфликт со шефот Биното

Италијанските медиуми јавуваат дека во Ферари има многу големи тензии помеѓу нивниот возач Шарл Леклер и шефот на тимот Матија Биното.

Проблемите започнале на Италијанското ГП во Монца, каде што Биното и Леклер се расправале во гаражата, по што Леклер не настапи на вториот тренинг, официјално поради вртоглавица и главоболка. Италијанските медиуми тврдат дека морал да интервенира и Николас Тод, синот на шефот на ФИА, Жан Тод и агент на Леклер.

Леклер не е задоволен од тоа што Ферари не успеа да направи болид кој ќе биде барем блиску до доминантните Мерцедес и Ред бул, и наместо тоа тие тешко ќе го победат и Мекларен за третото место во шампионатот. Покрај тоа, возачот од Монако е незадоволен што Биното јавно го фали неговиот колега, Карлос Саинс Јуниор за „подоброто“ снабдување на податоци на тимот.

Да потсетиме, на 22 септември поминаа точно две години од последната победа на Ферари во Ф1, и дури 14 години од последната светска титула, таа на Кими Раиконен.

Scroll to Top