Top Sport

Усик ќе оди на Крим, ќе предизвика политичка скандал во Украина?

Сергеј Лапин, првиот тренер на украинскиот светски шампион во тешка категорија, Олександер Усик, тврди дека тој ќе ја посети вежбалната во Симферопол каде што ја започнал кариерата за да ги инспирира младите боксери, посета која сигурно ќе предизвика намалување на поддршката која тој ја има во Украина.

Усик, кој е роден во Симферопол, на Крим, кој сега е под руска власт по украинско-рускиот конфликт, и претходно беше критикуван за тоа што се појави во еден спот со руски боксери, така што посетата на тоа што Украинците го сметаат како окупирана територија само ќе ја намали неговата поддршка.

„Мислам дека наскоро тој ќе дојде на посета. Неговата сестра е на Крим, како и мајката на неговата сопруга, која е Русинка, така што секогаш има кого да посети тука. Саша знае дека тука се прават шампиони“, вели Лапин.

Усик претходно повеќе пати одбиваше да каже „Крим е Украина“ кога беше прашуван од украинските новинари, велејќи дека „Крим е на Господ“ или „Крим е Крим“. Тој исто така е познат како верник на православната црква која е поврзана со Московската патријархија, а не на Украинската православна црква.

Самиот Усик веднаш по победата над Џошуа призна дека сака да оди на Крим.

„Секако ќе одам дома, сакам да го видам тренерот, мојата сестра, мојата вежбална. Човекот кој ме научи како да боксувам, кој од момче направи човек“, изјави Усик.

Scroll to Top