Top Sport

Проблеми за Мекларен пред трката на „Силверстоун“ – директорот има коронавирус

Зек Браун – извршниот директор на Ф1 тимот Мекларен е позитивен на Ковид 19 и ќе ја пропушти неделната трка за ГН на Велика Британија која ќе се вози на „Силверстоун“, соопштија денеска од тимот.

Од Мекларен наведуваат дека тоа нема да влијае на трката затоа што возачите Ландо Норис и Даниел Рикардо немале блиски контакти со Браун.

„Мекларен потврдува дека тројца членови на тимот, вклучувајќи го и извршниот директор Зек Браун се позитивни на коронавирусот на тестирањето пред ГН на Велика Бритаија. Ниту еден од нашите возачи не бил во блиски контакти со нив. Сето ова нема да влијае на подготовките на тимот на трката“ се наведува во соопштението од тимот.

Трката на „Силверстоун“ се вози во недела од 16 часот, а ден порано ќе се одржат квалификациите.

Scroll to Top