Top Sport

Продолжува американизацијата: Ф1 ќе го менува своето класично лого!

Формула 1 шампионатот по неделната последна трка од сезоната во Абу Даби ќе добие ново лого во обид на новите американски сопственици да го подобрат идентитетот на ГП тркањето.

Сегашното лого е едно од најпознатите на светот и најпрепознатливите во светот на тркањето со „единицата“ умно скриена меѓу Ф и знамето.

Меѓутоа, новите сопственици на Ф1 веќе регистрираа неколку нови логоа кај Европската Унија и едно од нив ќе се користи од 2018 година. Претседателот на Ф1, Чејс Кери вели дека промената на логото ќе ја покаже „новата енергија“ која сопствениците „Либерти медија“ ја носат во спортот. Подолу се трите логоа кои беа регистрирани оваа година.

„Секогаш ќе има различни мислења, но сакаме да дадеме свежа енергија за спортот и имаме многу планови за иднината. Логото е совршена шанса да се покаже нашата посветеност кон спортот и да се даде нова енергија. Не поскауваме да го смениме спортот, туку само со нови иновации да покажеме колку е голем“, изјави Кери.

Scroll to Top