Top Sport

Прост: Го мразам филмот „Сена“, таму сум прикажан како злосторник (видео)

Алан Прост вели дека го мрази филмот од 2010 година „Сена“ во кој се покрива животот и кариерата на неговиот голем ривал Аиртон Сена, бидејќи францускиот четирикратен светски шампион во Ф1 е претставен како „лош човек“.

„Сена“ во 2010 доби награда БАФТА како најдобар документарец, но Прост вели дека се работи за „едностран“ филм кој не го искористил потенцијалот да го раскаже едно од најголемите ривалства во Ф1 на вистински начин.

„Навистина го мразам тој филм. Можеа да направат фантастичен филм, со поинаква приказна. Но, по часови интервјуа со сите луѓе, излезе такво нешто. На крајот беше многу црно-бело, Сена беше добриот, јас бев злосторникот, и тоа е вистинска штета“, вели Прост во интервју за „Ауто мотор унд спорт“.

Инаку, Французинот по смртта на Сена ретко зборува за ривалството во тимот на Мекларен кое одбележи една ера во Ф1.

Scroll to Top