Top Sport

Веспрем и Манасков со една нога на фајнал фор по победата над Флензбург

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем под водство на поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Давид Дејвис е многу блиску до пласманот во фајнал-фор турнирот од Лигата на шампионите, откако на тешкото гостување кај Флензбург стигна до 28:22 (15:15) победа.

Откако последните две години, Веспрем беа елиминирани во четврт-финалето од подоцнежните шампиони (Вардар во 2017 и Монпелје во 2018), оваа година унгарскиот тим засега изгледа е далеку од таква можност откако дома ќе брка пласман со +6 позитива.

По израмнетото прво полувреме, Веспрем ја презеде контролата на мечот и стигна до импресивна победа. Андреас Нилсон имаше шест гола за унгарскиот клуб, по три имаа Мачковшек и Лекаи, додека Дејан Манасков уфрли два гола. На другата страна, Холгер Гландорф имаше пет постигнати голови, додека Лауге Шмид и Сван имаа по три во разочарувачки меч за германскиот великан.

Scroll to Top