Top Sport

Прост: Рикардо знае дека со Рено нема да стане шампион

Трансферот на Даниел Рикардо од Ред бул во Рено следната сезона е еден од најизненадувачките оваа сезона, и советникот на тимот, четирикратниот светски шампион Алан Прост вели дека Австралиецот знае дека нема да стане светски шампион со Рено. Барем не веднаш.

Овој трансфер ќе ја одбележи кариерата на Австралиецот, кој ја градеше својата репутација со одлични трки за Ред бул, а Прост вели дека и во Рено биле изненадени од неговата одлука.

„Тоа што Рикардо го прифати нашиот предлог не изненади, но имавме искрена и отворена соработка со него и тој знае дека следната година нема да стане светски шампион. Поради него ќе бидеме подобар тим и ќе се крене притисокот. Тој знае како се работи во Ред бул и тоа ќе не стимулира. Како поранешен возач, знам дека веднаш ќе ја дознае разликата меѓу врвен и просечен тим и ќе ни помогне бргу да станеме врвен тим“, вели Прост.

Scroll to Top