Top Sport

Хамилтон на бањање со Ники Минаж (видео)

Луис Хамилтон има причини да е задоволен – има предност од 40 поени пред Себастијан Фетел во „лов“ на петтата светска титула на шест трки пред крајот на сезоната, и малата пауза ја искористи за патување во Дубаи, каде што уживаше на плажа со поп-дивата Ники Минаж.

Според весникот „Сан“, двајцата биле во хотелот „Фор сизонс“ во Џумеира, каде што забавата продолжила на плажите.

Ова не е првпат Хамилтон, кој претходно беше во врска со уште една поп-пејачка, Никол Шерцингер, да е поврзуван со Минаж. Таа неколку пати присуствуваше на неговите Ф1 трки, а беше и на промоцијата на првата модна линија на Хамилтон во Шангај.

 

View this post on Instagram

 

AbuBarbie Dubai

A post shared by Barbie® (@nickiminaj) on

Таблоидите тврдат: Хамилтон во врска со Ники Минаж

Scroll to Top