Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на спринт трка што се возеше во рамките на Големата награда на Соединетите Американски Држави на патеката во Остин.
Трикратниот светски шампион се најде на највисокото скалило на подиумот за прв пат по 29 јуни, кога беше најдобар во спринтот на Ред Бул Ринг во Австрија.
Оттогаш, се одржани осум трки, што е најдолгиот пост без на холандски возач од 2020 година.
Ферстапен водеше од почеток до крај во Тексас, а најблиску до него беше Карлос Саинц јуниор во Ферари, додека возачот на Мекларен Ландо Норис беше на третото скалило на подиумот.
Ваквиот исход значи дека Верстапен ја зголеми предноста во генералниот поредок пред Норис за два поени, па разликата меѓу нив сега е 54 поени.
Спринтото беше здодевен единствената вистинска акција ја понуди Саинц кој стартуваше од петтата позиција. Најпрвин го мина тимскиот колега Шарл Леклер, потоа Џорџ расел, а на влезот во последниот круг успеа да го остави зад себе и Ландо Норис.
Покрај најдобрите тројца бодови во спринт трката освоија и Леклер, возалите на Мерцедес Расел и Луис Хамилтон и довецот од Хас Нико Хулкенберг и Књевин Магнусен.
Точно на полноќ по македонско време во Остин ќе се возат квалификациите за главната трка, која в недела ќе започне во 20 часот.