По доминацијата на Мартин Делев на изминатите три трки, на патеката „Ушќе“ во Белград, во во рамките на „Twingo cup“. победа забележа Давид Малиновски.
Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.
Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.
Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.
„Twingo cup“ продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.