Top Sport

Италијанците убедливи против Ангола, Паоло ќе го тепаше Џентиле (Видео)

Фаворитите забележаа победи во првите четири натпревари од второто коло кои претпладнево се одиграа на Светското првенство во кошарка.

Италија во Д-групата ја декласира Ангола 92: 61 (25:11, 19:10, 26:21, 22:19). Италијанците во ниту еден момент немаа проблем со најтрофејната африканска репрезентација, а дамка на мечот фрли пресметката помеѓу Алесандро Џентиле и Леонел Паул.

На 16 секунди до крајот на мечот играчот на Ангола се обиде да го удри италијанскиот бек, поради што двајцата беа исклучени.

Венецуела во рамките на А-групата, против Брегот на Слонова коска, ја запиша првата победа. Венецуела победи 87:71 (26:17, 23:15, 24:24, 14:15).

Аргентина имаше одредени проблеми со Нигерија, особено во првиот дел, но на крајот екипата предводена од Скола (23 поени, 8 скока, Гарино 17 поени и Кампацо 14 поени, 4 скока, 8 асистенции), победи 94:81 (28:17, 16:25, 29:18, 22:20).

Во рамките на Ц-групата првиот триумф го забележа селекцијата на Тунис. Тунижаните славеа над Иран 79:67 (29:19, 15:16, 15:13, 20:19).

Scroll to Top