Top Sport

Првата Мото ГП трка е за Квартараро, Маркез падна и заврши во болница (видео)

На првата сезонска трка во Мото ГП, во кралската класа воопшто не недостасуваше возбуда.

Младиот Французин Фабио Квартараро кој стартуваше од првата позиција, стигна и до победата. Втор низ целта мина Маверик Вињалес со заостанување од 5 секунди. Трет на подиумот се најде Андреа Довициозо.

Одличниот Марк Маркез имаше тежок пад на 4 круга до крајот. При еден свиок го загуби задниот дел на моторот, по што изгуби контрола и падна крај патеката. Веднаш потоа со мобилизиран врат и десна рака беше пренесен во болница.

Меѓу првите 10 завршија и Милер, Морбидели, Еспаргаро, Бањаја, Оливеира, Петручи и Накагами.

Валентино Роси не ја заврши денешната трка.

Scroll to Top