Top Sport

Азар: Најлошата сезона во мојата кариера

Реал Мадрид минатото лето го доведе на „Бернебеу“ Белгиецот Еден Азар кој успешно настапуваше во лондонски Челси.

Требаше да биде големо засилување за Кралевите, но во првата сезона во мадридскиот клуб не и помогна многу на екипата.

Тешката повреда, маките со физичката подготвеност и тешкиот период на прилагодување се епилогот кој носи сезона за заборав за белгискиот фудбалер.

И без негова голема помош, Реал стигна до титулата во Ла Лига.

„Оваа година колективно ја освоивме лигата, но јас, индивидуално, сигурно ја имав најлошата сезона во својата кариера“ изјави Азар за „France Info“.

Во разговорот ги кажа и неговите видувања за работата на тренерот Зидан.

„Сите го знаеме Зидан како играч, беше најдобар. Како тренер, повеќе за тоа не треба да се зборува. Покажа изминатите години дека е еден од најдобрите тренери. Како тренер е ист како и кога беше играч. Едноставна личност која знае да каже некои работи во вистинско време. Им верува на своите играчи и тие му веруваат нему“ – рече Азар.

Scroll to Top