Top Sport

Првиот Кинез во историјата на Ф1 го продолжи договорот со Алфа Ромео

Кинескиот возач Џоу Гуанжу го продолжи договорот со тимот на Алфа Ромео на уште една година.

Гуанжу е првиот кинески возач во историјата на Ф1, а дебитираше за Алфа Ромео минатата година.

Во својата прва сезона освои четири бода и заврши на 18. место во генералниот пласман, додека оваа година веќе освои четири бода во најбрзиот циркус во светот. Имаше импресивни квалификации за трката на Големата награда на Унгарија, па трката во Хунгароринг ја започна од петтото место.

Тој ќе продолжи да вози за тимот заедно со Валтери Ботас.

Scroll to Top