Владимир Путин се обиде да го „исплаши“ Луис Хамилтон, откако преку својот преведувач по финишот на Руското ГП во Сочи му објасни дека не би сакал да биде испрскан со шампањско, кое традиционално се дава на тие на подиумот во Ф1.
Хамилтон доби „подарена“ победа од неговиот колега Валтери Ботас, по што првиот кој го пречека во собата пред подиумот беше Путин со неговиот преведувач. Според британскиот „Сан“, Хамилтон добил совет да не го прска со шампањско како пред две години.
Фото: ЕПА
«Вы год за годом здесь побеждаете»: Путин поздравил британца Хэмилтона с победой в Гран-при России в Сочи pic.twitter.com/JbHlfgIbHe
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) September 30, 2018