Новите правила во Формула 1 ја носат првата голема контроверза пред стартот на новата сезона, откако шампионот кај конструктори, Мерцедес се појави на вториот зимски тест во Бахреин практично без странични крила во таканаречен „Zero Sidepod“ дизајн.
Додека кај вообичаениот страничен дизајн на болидите, има „кривина“, В13 болидот на Мерцедес целосно се откажува од ова и има високи вертикални влезови за воздухот, а СИС структурата на која стојат ретровизорите наместо тоа се користи како аеродинамички уред. Според шпекулациите, ваквиот дизајн им дозволил на Мерцедес да направат разлика од цела секунда во тестирањето во воздушниот тунел.
Спортскиот директор на Ф1 (и иронично поранешен газда на тимот кој стана Мерцедес), Рос Брон вели дека тие не очекувале ваков дизајн.
„Нема сомнеж дека концептот на Мерцедес е нешто што не го предвидовме, нешто што е екстремно интерпретирање на правилата. Секако, ќе има многу дебати, што е нормално кога има нови технички правила. Верувајте, се обидовме да ограничиме стотина опции, но иновацијата во Ф1 секогаш е екстремна“, признава Брон.
Сепак, ривалите на Мерцедес очигледо сметаат дека болидот на ривалот ги прекршува правилата, така што се можни протести уште пред да почне сезоната. Ред бул рејсинг, според „Би-би-си“ веќе побарале објаснување од ФИА, посочувајќи дека Мерцедес ќе добие нелегална предност во перформансите, но во исто време ќе биде многу тешко за ривалите да возат зад болидите на „сребрената стрела“.
Шефот на Ферари, Матија Биното исто така има забелешки на дизајнот.
„Како што посочи Тото Волф, Мерцедес поминаа низ процесот со ФИА, така што би бил изненаден ако се работи за нелеален дизајн. Меѓутоа, решението со ретровизорите не изненади и мораме да зборуваме со ФИА за тоа“, објави Биното.
Првиот ден на тестирањето во Бахреин падна во сенка на овие дизајни, така што малкумина обрнаа внимание дека Пјер Гасли во Алфа Таури постави најдобро време од 1:33.902. Со брзината изненадија и Ферари, со Шарл Леклер на второто место и Карлос Саинс Јуниор на третото место.
A strong first day of testing in Bahrain across the board ?
Particularly for the likes of Gasly and Ferrari! #F1Testing #F1 https://t.co/4yCD69jCsa
— Formula 1 (@F1) March 10, 2022
Los no pontones de Mercedes . Queee???
The no sidepods of Mercedes . Whaaat?????#f12022 pic.twitter.com/WSlesjHOWf
— Albert Fabrega (@AlbertFabrega) March 10, 2022
Inspector Seb is at it again. ?️♂️?@AstonMartinF1, come collect your man. ? pic.twitter.com/zmXbxRhYU7
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) March 10, 2022
38 laps and counting for LH. ? A busy morning in the Bahrain heat. ? pic.twitter.com/qDtXZm6Pfc
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) March 10, 2022
W13 by night. ?? pic.twitter.com/pTiSXBp4cj
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) March 10, 2022