Top Sport

Раиконен брутално го трола Хамилтон – еволуција на Ф1 возач во годините

Кими Раиконен е навистина уникатен Формула 1 возач, вистинска легенда, поранешен шампион, и очигледно човек со одлична смисла на хумор.

Популарниот „Ајсмен“ никогаш не се грижел премногу што мислат другите за него и искрено го кажувал тоа што го мислел, а тоа го докажува и последната „приказна“ на неговиот Инстаграм профил на кој на мета е Луис Хамилтон.

Со наслов „Еволуција на Формула 1 возач“, Раиконен го спореди Хамилтон со легендарниот поранешен шампион (и негов идол) Џејмс Хант. На фотото Хант е со пиво и цигара со раката, додека Хамилтон има направено необичен избор на облека и е на електричен трицикл.

Кими оди и понатаму – во приказната потенцира дека сепак има надеж – тој во алкохолизирана состојба и со цигара во раката! Легенда!

Scroll to Top