Top Sport

Раиконен и Џовинаци останаа без бодовите на ГН на Германија

Возачите на Алфа Ромео,,Кими Раиконен и Антонио Џовинаци останаа без бодовите што ги освоија на трката за големата награда на Хокенхајм.

Раиконен и Џовинаци низ целта минаа како седми и осми што беше најдобар резултат за Алфа Ромео оваа сезона. Сепак стјуардите објавија дека Алфа Ромео го прекршиле правилото 27.1 кое се однесува на употребата на кумплугот во текот на трката. Истрагата покажала дека отпуштањето на кумплугот траело 300 милисекунди, а не како што е пропишано 70 милисекунди.

Двајцата возачи добиле казна тргни-застани, поради што на оствареното време им се додадени уште по 30 секунди. Казната за Раиконен и Џовинаци значи дека бодови во Германија освоија Луис Хамилтон и Роберт Кубица.

Полјакот Кубица ги освои првите бодови за Вилијамс оваа сезона.

Scroll to Top