Според финските медиуми, иднината на Кими Раиконен веќе е одлучена, и таа нема да биде во тимот на Ферари. Наместо тоа, Шарл Леклер ќе го добие неговото место во Скудерија, додека тој ќе го земе местото на младиот возач во Заубер за 2019 година, но во исто време ќе стане и ко-сопственик на швајцарскиот тим каде што ја почна кариерата.
Претходните шпекулации велеа дека Леклер бил идеја на покојниот претседател на Ферари, Серџо Маркионе, но дека сегашниот менаџмент повеќе би сакал 38-годишниот фински ветеран да остане уште една сезона додека 20-годишниот Леклер би го учел занаетот уште една година во Заубер.
Меѓутоа, според „Илта саномат“, Раиконен е подготвен да вози уште една година за Заубер, каде што ја почна својата тркачка кариера, а потоа би станал дел од менаџментот на тимот и ко-сопственик.
Фото: ЕПА