Вториот дел од сезоната за Ф1 тимот, Алфа Ромео го одбележува катастрофална форма. Само 3 освоени бода на 4 трки по летната пауза го фрустрираат првиот возач во екипата, Кими Раиконен.
„Немавме доволно брзина, не можев да го следам Торо Росо. Еден возач поминав, но тоа поради тоа што меѓусебно се бореа, па Гасли отиде широко“ – вели Раиконен за последната трка во Сочи, Русија.
Финецот е разочаран од ефектот на последните трки.
„Мора да откриеме што се случи на последните 4 трки. Беа тоа трки од ноќна мора и мораме да видиме каде погрешивме, а потоа да го „расчистиме нередот“. Од минатите трки, мислам дека единствено на „Спа“ имавме брзина, сите останати трки беа повеќе или помалку, борба со болидот“ – смета Ф1 возачот.
Во Алфа Ромео се надеваат на освојување барем на седмата позиција кај конструкторите, но тоа засега изгледа многу тешко, затоа што Рејсинг Поин е пред нив и им „бега“ за 17 бода.