Top Sport

Раиконен повторно искрен: Не е секогаш прекрасно да си родител

Кими Раиконен, кој инаку со своите 40 години е најстариот активен Ф1 возач, во својата кариера беше познат покрај својата брзина и по лудите, честопати полни со алкохол, забави меѓу трките.

Но, сега со две деца зад себе, тој вели дека разбира како се чувствувале неговите родители кога тој почнал со тркањето и признава дека родителските грижи целосно му го смениле животот, посебно откако неговиот постар син Робин почна да вози картинг.

„Да, многу работи се сменети бидејќи без тие деца ќе водев многу поинаков живот. Секако, тркањето одзема многу време, но тоа никогаш не било најважното во мојот живот. Сега, децата се на прво место. Не е забавно секој ден, но таков е животот. Моментот кога ќе станеш татко, почнуваш да се грижиш повеќе за стандардите. Тоа не е убаво, но што да се прави. Ги знам опасностите од картингот и сега разбирам како се чувствуваа моите родители“, вели Раиконен во интервју за „Јаху спортс“.

Scroll to Top