Top Sport

Раиконен-шоу во Муџело: За што!!!

Кими Раиконен немаше најдобро попладне во Тоскана, откако беше казнет од стјуардите на трката во Муџело поради газење на линијата при влегување во боксот, но обично смирениот Финец (прекарот „Ајсмен“ не е за џабе добиен) се налути при разговорот со своите механичари.

Откако имаше фантастичен трет рестарт (можете да го видите подолу во видео), Финецот имаше шанси да се бори за повеќе поени, но стјуардите оценија дека заслужил казна. Кога преку радио му порачаа дека има пет секунди казна, тој прво праша смирено „За што?“, за потоа откако му кажаа дека ќе добие казна на крајот на трката, тој бесно праша со истите зборови.

Еден и единствен.

Scroll to Top