Top Sport

Раиконен со рекорд до пол-позицијата во Монца

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Италија, што ќе се вози утре на легендарната патека во Монца. Задоволството во редовите на Ферари е уште поголемо, бидејќи на втората позиција во квалификациите заврши Себастијан Фетел.

Најдобрите пилоти во Формула 1, на публиката во Монца и приредија вистински спектакл во квалификациите, а Раиконен најдоброто време го постави во последниот круг, откако ги надмина времињата најпрвин на Луис Хамилтон од Мерцедес, а потоа и на колегата Фетел.

Финецот забележа време 1:19.119 минути, зад него Фетел задоцни за 0.161 секунди, а Хамилтон за 0.175 секунди.

Кругот што го возеше Раиконен е најбрзиот во историјата на оваа легендарна патека.

Scroll to Top