Кими Раиконен вели дека е тешко да се процени кој е најсилниот Формула 1 тим во моментов по три трки во новата сезона, но додава дека тоа е „убаво“.
Очекувањата беа Мерцедес повторно да доминира како во претходните четири сезони, но наместо тоа Себастијан Фетел донесе две победи за Ферари, а Даниел Рикјардо триумфираше на возбудливото Кинеско ГП минатиот викенд.
Ова не значи дека „Сребрената стрела“ е ослабена, откако Валтери Ботас и Луис Хамилтон освоија по два подиуми. Раиконен, кој има две трети места вели дека е убаво да се види дека Ф1 може да биде неизвесна.
„Чиста брзина, со сите на исти гуми? Тешко е, многу е тешко да се процени. Но, мислам дека тоа е убаво за гледање, бидејќи никој навистина не знае. Ситуацијата се менува од трка до трка и мала работа може да донесе победа. Ќе видиме“, вели Раиконен.
Фото: ЕПА