Top Sport

Рафаел: Ван Гал ми го направи животот во Јунајтед пекол!

Околу Луис ван Гал и неговиот тренерски стил се напишани многу работи, а сега уште еднаш бизарна ситуација открива поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рафаел да Силва.

Ван Гал, кој дојде на „Олд Трафорд“ во 2014, веднаш го „тргна“ Бразилецот, кој дотогаш беше веќе шест години во Јунајтед, и не му објаснил зошто за него нема место во клубот. Сепак, Рафаел открива уште побизарни работи во интервју со „ЕСПН“.

„Кога најавија дека Ван Гал доаѓа во Јунајтед, неколку фудбалери ми се јавија и ми кажаа дека тој едноставно не сака Бразилци. Посочија што се случи со Ривалдо во Барселона, но не верував. Во првата сезона тој ме повика во канцеларите и ми кажа: ‘Можеш да си заминеш’. Состанокот траеше една минута. Тој сакаше да ме избрка, а навистина го сакав Манчестер јунајтед. Еден ден бев во кантината по јадење и имав повреда на главата по мечот со Јеовил и тој ме допираше по раната и ме праша: ‘Зошто не ме почитуваш?’. Јас сум трпелив човек, но тогаш се налутив, бидејќи не направив ништо. Антонио Валенсија ми кажа дека веќе нема да играм, и беше во право. Бев очаеан да заминам само поради еден човек. Не можев да го трпам повеќе“, открива Рафаел.

Рафаел замина во Лион во летото 2015 година, за потоа да добие порака од Ван Гал.

„Тој ми прати СМС-порака со текст: ‘Знаеш каков е фудбалот’. Не ми се веруваше. Не зборуваше со мене, а потоа ми праќаше пораки. Му кажав благодарам, но бев многу лут“, додава Рафаел.

Scroll to Top