Кими Раиконен повторно седна во болидот на Заубер. Утрово, Раиконен, тестираше за „Пирели“ во Абу Даби. Финецот, кој последен пат во 2001 година возеше за овој тим, возел небрендиран болид, а ја носел кацигата што ја користел во 2012 додека возел во Лотус.
Раиконен, во неделата, ја возеше последната трка за Ферари. Италијанскиот тим нема шампионската титула меѓу возачите уште од 2007 година, кога токму Финецот стана светски првак.
There he goes. Kimi Raikkonen is back at Sauber. #F1 pic.twitter.com/GClm1uaWVU
— Phillip Horton (@PHortonF1) November 27, 2018
Раиконен не бил единствениот што денеска дебитирал за новиот тим. Шампионот од Формула 2, Џорџ Расел, се појавил на пистата во болидот на Вилијамс, а Ландо Норис, исто така од Формула 2, го возел болидот на Мекларен Рено.
За тимот на Хас, возел Пјетро Фитипалд, внукот на двократниот светски првак, Емерсон Фитипалдо. Тој во Хас ќе биде резерва. Иста функција наредната сезона ќе има Естебан Окон во тимот на Мерцедес.