Top Sport

Од кој град се Манчестер сити и зошто градат тренинг-центар во Лондон?

Манчестер сити под сопственост на газдите од Абу Даби направи многу револуции во начинот на кој се одвива фудбалскиот бизнис и другите активности, но последната идеја не наиде на добар прием кај фановите.

Според „Сан“, Сити планираат да изградат втор тренинг центар, но наместо во Манчестер, „Етихад 2“ ќе се наоѓа во Лондон, наводно да се добие предност кога ќе играат на гости.

Ова ќе ги чини Сити дури 200 милиони фунти и ќе вклучува луксузни хотелски соби за фудбалерите, барем еден тренинг-терен и зголемена безбедност за скаите фудбалери.

Дел од навивачите на Манчестер сити се лути на оваа акција сметајќи дека се работи за постепено „селење“ на клубот на „омразениот“ југ, додека ривалите се плашат дека со огромните средства кои ги имаат газдите на Сити го прават клубот едноставно недостижен за другите ривали.

Scroll to Top