Top Sport

Ралф Шумахер: Нефлексибилните Ферари треба да си одат од Формула 1

Ферари би требало да ги исполнат своите закани и да си заминат од Формула 1 доколку не се подготвени драстично да ги намалат трошоците, вели поранешниот Ф1 возач Ралф Шумахер.

Матија Биното минатата недела во интервју за „Гардијан“ даде изјава која беше протолкувана како закана за заминување од шампионатот ако се усвои ограничување од буџетот под 145 милиони долари за 2021 година, иако подоцна Ферари изјавија дека немаат намера да си одат од Ф1.

Ралф Шумахер, помладиот брат на Михаел, кој пет од своите седум светски титули ги освои со Ферари, вели дека ставот на италијанскиот тим е „досаден“.

„Сите имаме непредвидлива иднина пред нас. Дури и големите тимови во оваа ситуација ќе почнат да размислуваат поинаку, бидејќи Ф1 е прескап спорт. Ако Ферари не се подготвени да ги намалат трошоците, тогаш нека си одат“, вели Ралф во интервју за „Скај Германија“.

Тој додава дека буџетот мора да биде ограничен и под 100 милиони долари, бидејќи кога дебитираше за Џордан во 1997 година, тимот имал 40 милиони долари за трошење.

Scroll to Top