Top Sport

Ралф Шумахер: Ред бул и Марко имаат проблем со презимето Шумахер

Поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер смета дека неговиот внук, Мик Шумахер, синот на славниот брат на Ралф, Михаел, не добил место во Алфа Таури поради тоа што советникот на Ред бул, Хелмут Марко има нешто лично против семејството.

Мик Шумахер остана без место во Ф1 на крајот на минатата сезона откако Хас реши да го отпушти, по што 24-годишниот Германец стана трет возач во Мерцедес. Претходно се шпекулираше дека тој ќе добие место во Алфа Таури, вториот тим на Ред бул, каде што остана испразнето место по заминувањето на Пјер Гасли, но тоа беше пополнето со Ник де Врис.

„Франц Тост, шефот на Алфа Таури првично сакаше друг возач на местото на Де Врис, бидејќи знае дека за вистински потенцијал на еден возач се потребни три години. Тој друг возач на пазарот беше Мик, и тоа имаше смисла. Но, тогаш дојде Хелмут Марко и поради лични работи, не го сакаше тоа. Мене ми изгледа дека Марко има проблем со презимето Шумахер. Иако имам повеќе раговори со него, очигледно е дека има некој проблем со Мик“, вели Ралф Шумахер.

Scroll to Top