Top Sport

Расел ќе го смени Ботас во Мерцедес пред крајот на сезоната?

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ тврди дека Мерцедес донеле одлука да го сменат Валтери Ботас со младиот Британец Џорџ Расел пред крајот на сезоната, цитирајќи анонимен извор од тимот.

„Постои немир во фабриката околу Валтери. Тој не е подготвен да се трка, а од друга страна Расел покажа колку умее во Бахреин“, инсистира анонимен инженер од тимот.

Дека Ботас има разочарувачки резултати со Мерцедес не е нова вест. Во периодот во кој е партнер на Луис Хамилтон, шампионот има остварено 44 победи, а Ботас само 9. Минатата сезона, Расел, кој е под договор со Мерцедес, го замени Хамилтон на една трка во Бахреин и беше јасно побрз од Финецот.

Причина повеќе за отпуштање на Ботас е можеби најтесната битка за конструктори во последната деценија. Со посилен болид на Ред бул и со лута битка помеѓу Макс Ферстапен и Хамилтон за титулата кај возачите, секој поен може да биде многу важен. Засега, од Мерцедес отворено го поддржуваат Ботас.

Scroll to Top