Top Sport

Расел победи во спринт трката, Антонели најбрз во квалификациите за ГН на Кина

Андреа Кими Антонели влезе во историјата на Формула 1, како најмлад освојувач на пол-позиција (19 години, шест месеци и седум дена). Италијанецот, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Кина. За Кими ова е прва пол-позиција во кариерата.

Кими Антонели ги искористи проблемите што ги имаше неговиот колега, Џорц Расел, кој претходно победи во спринт трката. Најбрзото време на Антонели изнесуваше 1:32.064.

Расел, на почетокот на последната кфалификациска сесија имаше проблем со болидот, буквално во последен момент излезе на патеката, успеа да посави време кое беше за две десетински послабо од она на Антонели.

Британецот претходно победи во спринт трката, пред возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. За Расел ова беше втора победа во спринт трките.

Вториот ред, очекувано го формираа Хамилтон и Леклер. Седум кратниот шампион беше побрз за 13 илјадити делови од секундата.

Оскар Пјастри и актуелниот првак, во квалификациите ги освоија петото и шестотот место. Седми е Пјер Гасли од Алпин, Макс Ферстапен и Исак Хаџар и Оли Берман ги комплетираа најдобрите десет на старот.

Големата награда на Кина в недела ќе започне во 8 часот по македонско време.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');