Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел има голема желба да се пресели во Мерцедес. Од почетокот на сезоната траат шпекулациите дека 23-годишниот возач ќе го наследи Валтери Ботас.
„Верувам во своите способности, знам дека можам да се борам за светската титула. Тоа го покажав минатата сезона во Бахреин, кога влегов во болидот на Мерцедес и дека можам да се тркам со сите“, рекол Расел.
Младиот Британец истакнува дека не би имал притисок од присуството на Луис Хамилтон во тимот.
„Тоа е „вин-вин“ ситуација. Буквално не би имал никаков притисок, кога е тоа така можете да го дадете максимумот. Мислам дека оваа година во таква позиција е Серхио Перез, кој е голема поддршка за Макс Ферстапен во Ред Бул“, заклучил Расел.