Top Sport

Расел: Подготвен сум за Мерцедес и за борба за титула

Возачот на Вилијамс, Британецот Џорџ Расел вели дека е подготвен за трансфер во Мерцедес и борба за светската титула, откако е прв фаворит да го замени Валтери Ботас во шампионскиот тим следната сезона.

Мерцедес уште немаат одлучено кој ќе вози покрај седумкратниот шампион Сер Луис Хамилтон во 2022 година, иако вообичаено е составите за следната сезона да се комплетираат пред летната пауза во Ф1 и младиот Британец е прв фаворит по импресивните трки за слабиот Вилијамс.

„Се чувствувам подготвен да се борам за светска титула и за победа на секоја трка. Би сакал да бидам во Ф1 за да се борам за победи од првата трка. Можеби за 10 или 15 години ќе кажам дека ова искуство со борба назад се исплатело, но каде и да сум ќе го дадам мојот максимум“, вели 23-годишниот Расел.

Scroll to Top