Top Sport

Осака се чувствувала „неблагодарна“ по големиот успех

Светската тенисерка број 2 и четирикратна гренд слем шампионка, Наоми Осака призна дека добила нова перспектива околу нејзината кариера и додаде дека се чувствувала „неблагодарна“ за животот како тениска ѕвезда.

Јапонската тенисерка предизвика бура реакции кога во јуни се повлече од Ролан Гарос по контроверзниот став да не дава интервјуа за медиумите, по што се врати на ВТА турнејата во Синсинати, каде што во понеделникот заврши во солзи при едно прашање на еден новинар.

„Се чудев зошто толку влијаат прашањата на мене, зошто не сакам да зборувам со медиумите. Се чудев зошто сум исплашена бидејќи понекогаш кога ќе видиш наслови кога некој ќе загуби, се зборува за колапс, за пад на форма. Не сум сигурна дека сфаќав што е остварувањата во спортот и мислам дека бев неблагодарна“, вели Осака.

Таа додава дека ситуацијата во Хаити и во Авганистан влијаела на нејзиното здравје.

„Да се види светот, со работите кои се случуваат во Хаити и Авганистан, е навистина лудо. А јас да удирам топче во САД и луѓето доаѓаат да ме гледаат и да ме прашуваат. Тоа е ситуација во која секако треба да се чувствуваш подобро“, објаснува тенисерката.

Scroll to Top