Џорџ Расел, дебитантот во болидот на Мерцедес, рекол дека е разочаран од конечниот исход на трката за Големата награда на Сахир. Расел само поради катастрофалните одлуки што ги направи тимот не успеа да победи. Британецот возеше на местото на својот сонародник, Луис Хамилтон, кој е позитивен на коронавирусот.
Расел водеше во две третини од трката, а водството го загуби поради катастрофалната грешка во боксот на Мерцедес. Механичарите на неговиот болид ги монтираа гумите кои требаше да одат на болидот на Валтери Ботас.
Кога се врати на патеката, експресно од петтото се проби на второто место, започна да го „лови“ лидерот Серхио Перез, кога пукна еден од задните пневматици на неговиот болид. На патеката се врати како 14, а на крајот успеа да дојде до деветтото место., ги освои првите бодови во кариерата во Формула 1, но остана без победата.
„Не знам што кажам. Два пати ни ја зедоа победата. Ми беше задоволство, уживав со тимот, но целосно сум разочаран“, му порачал на тимот рекол 22-годишникот преку радио врската, по завршувањето на трката.
„Дадов се од себе. Водев од почетокот, имав самодоверба, ја одржував предноста над Валтери. Потоа очигледно направивме грешка во боксот, тоа не врати назад. Мислам дека можевме да г стигнеме Серхио Перез. Имавме свежи гуми, болидот беше толку брз. Разочаран сум“, изјавил Расел по трката за „Скај Спорт“.