Top Sport

Расел со брилијантен круг до пол-позицијата во Сингапур

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Сингапур. Возачот на Мерцедес до првото место во квалификациите дојде со најдобриот круг во историјата на патеката „Марина Беј“, 1:29.158.

Џорџ Расел ја освои втората пол-позиција оваа сезона, претходно тоа го направи во Канада. Британецот блескаше во квалификациите, особено во последната сесија. Извозе два неверојатни круга и беше единствениот што во вториот круг го подобри својот резултат.

До Расел од првиот ред трката ќе ја започне актуелниот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот и во Сингапур ја доби битката со возачите на Мекларен.

Лидерот во генералниот пласман, оскар Пјастри го освои третото, а вториот возач на Мерцедес, 18-годишниот Андреа Кими Антонели го комплетира вториот ред на стартот.

Следуваат, претендентот за шампионската титула Ландо Норис (Мекларен), па возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во Топ 10 место изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Оливер Берман (Хас) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

Трката за Големата награда на Сингапур, в недела ќе започне во 14 часот по македонско време.

Scroll to Top