Top Sport

Ред бул демантираат дека имаат „флексибилен“ под на својот болид

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер вели дека сите шпекулации дека нивниот болид користи „флексибилен“ со заобиколување на Ф1 правилата се „чиста глупост“ по критиките од Мерцедес.

Темата за „флексибилни“ подови на болидите стана актуелна откако ФИА даде техничка директива пред Британското ГП, со планови за постриктно набљудување на дизајнот на подот на болидите, по проблемите со „потскокнувањето“, најзабележливи кај тимот на Мерцедес. Новите правила ќе бидат воведени на Белгиското ГП, но не и овој викенд во Австрија и шпекулациите велат дека Ред бул и Ферари ќе ја загубат предноста во перформанси која ја имаат во првите 10 трки од сезоната.

„Техничката директива, секако, е фокусирана на потскокнувањето со кое дел од тимовите имаа проблем. Аргументот кој се користи е дали задолжение на натпреварувачите е нивните болиди да бидат безбедни, или треба ФИА да интервенира по тоа прашање. Шпекулациите се чисти гупости. Не знам за кои болиди зборува Тото Волф, бидејќи со нашиот под нема никакви проблеми“, вели Хорнер.

Предноста на Ред бул и Ферари ќе биде поништена? ФИА во акција против „нелегалните“ подови

Scroll to Top