Top Sport

Малдини ќе го прати синот на позајмица во Верона

Хелас Верона се блиску до комплетирањето на договорот за позајмица на талентот на Милан, Даниел Малдини, со што всушност неговиот татко, спортскиот директор и легенда на клубот, Паоло Малдини ќе го прати сопствениот син во друг клуб.

20-годишниот Даниел Малдини е трета генерација на семејствто Малдини кој играл за „росонерите“, по неговиот дедо Чезаре и татко Паоло, но има само 13 настапи за првиот тим минатата сезона со вкупно 239 минути, во кои постигна само еден гол.

Според „Калчомеркато“, за да добие поголема минутажа, тој ќе биде пуштен на позајмица, откако има договор со Милан до 2024 година.

Scroll to Top